📽️ АЕРОДРОМИТЕ ПРЕПОЛНИ, ЛЕТОВИТЕ СТОПИРАНИ Невремето во САД создаде вистински хаос

Силен ветер и грмежи предизвикаа масовни доцнења и откажувања на летови на повеќе аеродроми низ САД.

0

Силно невреме што го зафати Источното крајбрежје и други делови на САД предизвика хаос во авионскиот сообраќај, при што беа одложени или откажани повеќе од 12.500 летови.

Според Федерална управа за воздухопловство (FAA), најголеми проблеми имало на аеродромите во регионот на Њујорк – „Ла Гвардија“, „Џон Ф. Кенеди“ и „Њуарк“, како и на Националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон.






Прекини и доцнења биле регистрирани и на аеродромите во Шарлот, Атланта и Хјустон. Причината биле силни ветрови, грмежи и ризик од удари на гром, што значително ја нарушило безбедноста на летовите.

Податоците на платформата „FlightAware“ покажуваат дека до вечерта биле одложени повеќе од 8.500 летови, додека околу 4.000 биле целосно откажани.

Поради опасноста од невремето, федералните власти им наложиле на службениците во областа на Вашингтон предвреме да ги напуштат работните места. Надлежните предупредуваат дека нарушувањата во авионскиот сообраќај може да продолжат и во текот на наредните часови.

Поврзани содржини