АЕРОДРОМЦИ УСПЕШНИ НА ЗЛАТИБОР Трета победа на МЗТ Скопје во АБА 2

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа против Борац Бања Лука со 67:61 за трета победа во петтиот меч сезонава во реагионалното натпреварување.

76

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со нов триумф го завршија настапот на турнирот од АБА2 лигата на Златибор, откако денес го совладаа Борац Бања Лука со 67:61.

Ова беше трета победа за аеродромци во петтиот меч сезонава во регионалното натпреварување.






МЗТ Скопје ја имаше контролата врз играта и резултатот во сите 40 минути, а клучната предност ја обезбедија во третиот период, кој го добија со 30:17. Клучна за триумфот беше серијата од 16:0 со која македонскиот шампион дојде до највисоките на мечот плус 19 (47:28).

Војдан Стојановски одново беше најпрецизен кај МЗТ Скопје со 15 поени и пет асистенции, додека веднаш зад него беа Душан Танасковиќ со 14 поени и пет скока, Дамјан Стојановски со 11 поени и седум скока и Ејасу Ворку со 10 поени и 10 скока.

Составот од Аеродром сега има скор 3:2 во пресрет на третиот турнир следниот месец во Шибеник, каде што ќе ги одмери силите со Подгорица односно Спартак Суботица.

Поврзани содржини