АЕРОДРОМЦИ, СПРЕМАЈТЕ ГО ВАШИОТ КАБАСТ ОТПАД Од понеделник почнува акција за бесплатно собирање
Акцијата ќе започне од населба Мичурин каде што в понеделник на 29 јули садовите ќе бидат поставени на улица Анастас Митрев зад паркот до трансформаторот и на улица Венјамин Мачуковски до трансформаторот кај Железничка станица.
Од понеделник почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Аеродром, соопшти Општина Аеродром.
„Општина Аеродром од понеделник почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до крајот на септември.
Во соработка со Јавното претпријатие (ЈП) за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени садови каде што граѓаните ќе можат да го остават својот стар и дотраен мебел.
Акцијата ќе започне од населба Мичурин каде што в понеделник на 29 јули садовите ќе бидат поставени на улица Анастас Митрев зад паркот до трансформаторот и на улица Венјамин Мачуковски до трансформаторот кај Железничка станица.
Потоа, на 30 јули, вторник, жителите на Острово својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на улица Владимир Комаров бр. 9 до контејнерите, како и на Владимир Комаров број 16 зад ТЦ ‘Скопјанка’.
Кабаст отпадot е планирано да се собира речиси до крајот на септември, а жителите за сите локации и датуми можат да се информираат на овој линк.
Ваквата акција се спроведува со цел да им се излезе во пресрет на аеродромци бесплатно да го отстранат стариот мебел од своите домови. Со тоа истовремено ја заштитуваме животната средина од несовесно фрлање отпад, при што се создаваат диви депонии што ја загадуваат околината, но и даваат лоша слика за Аеродром.
Истовремено, Општина Аеродром најавува дека во наредниот период во голема мера ќе ги зајакне инспекциските контроли на терен. Доколку се забележи дека граѓани фрлаат кабаст и друг вид отпад на локации што не се наменети за тоа ќе се применуваат најстроги казни за таквото несовесно однесување“, соопштува Општина Аеродром.