АЕРОДРОМ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ПАРК Зелена површина на 5.700 метри квадратни

Оваа заложба се потврдува со тоа што предвидениот парк се наоѓа на локација на која до неодамна беа предвидени градежни маркици за изградба на станбени објекти, а по иницијатива на градоначалникот беа пренаменети во парк кој ќе зафаќа површина од 5.700м2.

289

Општина Аеродром ќе добие нов парк од 5.700 метри квадратни во Реонски центар Аеродром, значаен придонес во неговата изведба и уредување ќе биде обезбеден од страна на Шведска, а ќе го спроведе канцеларијата на УНДП.

Шведска претставува најголем билатерален донатор меѓу ЕУ-земјите во нашата држава. Во посета на Аеродром вчера беше шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, која заедно со градоначалникот Тимчо Муцунски направија прошетка низ општината и обиколка на локацијата на која ќе биде поставен овој парк.






Градоначалникот Муцунски на амбасадорката ѝ презентираше некои од врвните приоритети за развој на општината во наредниот период, меѓу кои највисокоместо зазема и заложбата за чиста и здрава животна средина.

Оваа заложба се потврдува со тоа што предвидениот парк се наоѓа на локација на која до неодамна беа предвидени градежни маркици за изградба на станбени објекти, а по иницијатива на градоначалникот беа пренаменети во парк кој ќе зафаќа површина од 5.700м2.

Поврзани содржини