АЕРОДРОМ БАРА СПАС ОД БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА Општината се жали дека Градот Скопје не прави ништо
Во неколку наврати, од наша страна е побарано градската администрација да преземе мерки за решавање на овој проблем. За жал, секојдневните коментари, фотографии и снимки од теренот покажуваат дека тие не успеваат да најдат решение за овој проблем кој е целосно во нивна надлежност – се вели во реакцијата н Општина Аеродром.
Градот Скопје и градското претпријатие „Лајка” немаат стратегија за справување со уличнита кучиња, за што говори и последното видео кое во текот на вчерашниот ден беше објавено во дел од медиумите, реагираше вчера Општина Аеродром.
Општината вели дела во изминатиот период одвојува значителни средства од сопствениот буџет кои се префрлаат во буџетот на Градот Скопје, со цел ефикасно справување со овој проблем, но засега без резултат.
„Во неколку наврати, од наша страна е побарано градската администрација да преземе мерки за решавање на овој проблем. За жал, секојдневните коментари, фотографии и снимки од теренот покажуваат дека тие не успеваат да најдат решение за овој проблем кој е целосно во нивна надлежност.
Ние, како локална самоуправа и понатаму стоиме на ставот дека неопходно е градот да изнајде соодветно решение за третирање на уличните кучиња и тоа мора да се направи веднаш. Доколку актуелното раководство на Град Скопје во следниот период не успее да изнајде решение, Општина Аеродром ќе ја преиспита одлуката со која се одвојуваат средства за оваа намена.
Жалиме за сите непријатности со кои се соочуваат граѓаните и токму поради тоа уште еднаш бараме Градот Скопје итно преземе мерки за соодветно решавање на овој проблем, кој за жал секојдневно ескалира“ – се вели во соопштението на Службата за информирање при Општина Аеродром.
МУ ГО ИЗЕДОА КУЧЕТО НА ЧОВЕКОТ, ЕКСИК ВЕЌЕ! Глутница улични кучиња нападнаа миленик (ВИДЕО)