АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција, Груевски ви е промашена тема“

„Политички маргиналци и политички паразити. Не памтиме дека во изминатите 20 години направиле нешто добро, освен што млателе празна слама и го појачале личното банкарско конто“, коментира Туфегџиќ на Фејсбук.

565

 

Познатиот скопски адвокат Владимир Туфегџиќ предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако преку Фејсбук објава жестоко ја критикуваше македонската опозиција. Во својот пост, тој директно укажува дека темата за наводното враќање на Никола Груевски после поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија се користи како политичка стратегија без реална основа.






Според него, „политичка опозиција која својот политички опстанок го гледа во враќањето на Груевски“ нема вистинска визија за иднината.

Во објавата, адвокатот оди чекор понатаму, нагласувајќи дека евентуалното враќање на поранешниот премиер не зависи од домашните политички фактори. „Груевски ќе биде вратен кога за тоа ќе дадат согласност тие што ја кренаа рампата да замине“, пишува тој, алудирајќи на меѓународниот контекст.

Најостриот дел од неговиот статус е насочен кон, како што вели, „политички маргиналци“ и „политички паразити“. „Не памтиме дека во изминатите 20 години направиле нешто добро, освен што млателе празна слама и го појачале личното банкарско конто“, наведува адвокатот. Тој истовремено посочува дека вистинската лекција за политичките актери треба да се бара во успешни кампањи водени „во прво лице еднина“, со јасна порака и мобилизација на гласачите.

Во објавата се споменува и примерот на „младиот политички надежен адвокат“, кој, според него, успеал да извлече дури 80 проценти од електоратот на гласање. Тој потенцира дека таквиот пристап – со „државното знаме во рака“ и директна комуникација со граѓаните – е вистинскиот пат за политички успех, за разлика од, како што оценува, празните и ретроградни теми.

СДСМ ја поздрави победата на Петер Маѓар и на неговата партија Тиса на изборите во неделата, а лидерот Венко Филипче на платформата Х напиша дека следи пад на Александар Вучиќ во Србија и на Христијан Мицкоски во Македонија.

Поврзани содржини