Адвокатот Менкиноски: Камчев доби притвор само врз основа на една дојава до АНБ

Даден е капитал како гаранција и пасошите на бизнисменот. И да сака не може да ја напушти Македонија Двата пасоши се во овој суд. Камчев вработува 3.000 луѓе во Македонија. Денеска е во притвор само поради некоја дојава, а утре тоа може на секого да му го направат. Се надевам дека за многу брзо оваа мерка ќе биде санкционирана од Европскиот суд за човекови права, додава Менкиноски.

1,869

Тони Менкиноски, правниот застапник на Јордан Камчев, вели дека бизнисменот добил 30-дневен притвор само врз основа на една белешка од Агенцијата за национална безбедност за наводна дојава од Лиле Стефанова како обвинител од Радовиш

– Да се притвори на Прочка е садизам. Обвинител од Радовиш пред судот побара Камчев поради некаква индиција од страна на АНБ да му се даде притвор. А претходно 30 месеци не е подигнато обвинение за случајот „Империја – рече адвокатот пред новинарите.






Тој изјави дека и двата посоши на Камчев – македонскиот и бугарскиот, се во судот.

– Даден е капитал како гаранција и пасошите. И да сака не може да ја напушти Македонија Двата пасоши се во овој суд. Камчев вработува 3.000 луѓе во Македонија. Денеска е во притвор само поради некоја дојава, а утре тоа може на секого да му го направат. Се надевам дека за многу брзо оваа мерка ќе биде санкционирана од Европскиот суд за човекови права – додава Менкиноски.

Тој вели дека ниту ја има содржината, ниту му биле дадени насоки за аргументите за приведувањето, како и за тоа дека Овинителството за организиран криминал треба да ги докаже тие дојави. Адвокатот вели дека воопшто не биле презентирани документите на АНБ

– Тој инвестиора во ова време на пандемија, има деловни потфати за јавното здравје на сите луѓе, а овде има одлука за 30 дневен притвор. Сакам да напоменам дека судијата не ни го даде решението, туку дојде записничарката – рече Мекиноски.

Обвинителката Лиле Стефановска го напушти Кривичниот суд од задниот влез без да даде изјава за медиумите.

Како што рече Менкиновски, Камчев следната недела требало да сведочи во случајот „Меѓународен сојуз“ против сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче Ременски, за кого кажа дека е вработен во АНБ, од каде потекнува белешката за можно бегство на Камчев. Следното рочиште за случајот Меѓународен сојуз е закажано за 18 март.

На забелешката на новинарите дека притворот нема да го спречи Камчев да не се појави на рочиштето, Менкиновски рече дека сега негиовиот клиент немал да биде на досегашната адреса, поради што можело да дојде до одолговлекување на судењето за „Меѓународен сојуз“.

– Немате никаков евидентен доказ дека Камчев ќе ја напушти Македонија, напротив инвестира во одделенија има нови вработувања, нови доктори, деловни потфати во Македонија за јавно здравје, за здравјето на сите луѓе – истакна адвокатот.

Камчев, како што посочи Менкиновски, веќе е упатен кон КПУ Затвор – Скопје.

Тој беше спроведен утринава во Полициската станица Карпош. По приведувањето беше упатен во Кривичниот суд во Скопје, на распит пред судија по претходна постапка.

Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“, но и во случајот „Плацеви на Водно“ за кој Рускоска информираше дека истрагата е при крај.

Во „Плацеви за Водно“ првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата  купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра.

Поврзани содржини