АДВОКАТОТ ШТО ГО РАЗВЕА СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ ЌЕ БИДЕ УАПСЕН? Менкиноски мора да се појави на суд на 16 јуни

Во Охридскиот суд ќе му се суди за нарушување на јавен ред и мир, иако никој во Охрид не пријавил дека е нарушен јавниот ред и мир.

5,108

Адвокатот што го развеа сонцето од Кутлеш ќе биде уапсен од МВР ако не се појави на суд на 16 јуни, пишува порталот Курир.

Адвокатот Тони Менкиноски е обвинет затоа што го развеа знамето со сонцето од Кутлеш, во знак на поддршка на осудените за случајот „27 април“.






Тој ќе биде уапсен од МВР ако не се појави на суд во процесот што се води против него, се вели во заканата во документот на судот во Охрид, пред кој се води постапката против Менкиноски.

Тони Менкиноски е адвокат кој со години бесплатно ги брани Македонците од Бугарија во Стразбур, каде учествувал во 16 пресуди против Бугарија.

Во Охридскиот суд ќе му се суди за нарушување на јавен ред и мир, иако никој во Охрид не пријавил дека е нарушен јавниот ред и мир.

 

Поврзани содржини