Адвокатот Миланов: Каква е таа осудителна пресуда со лажниот сведок Василевски Нинџа?!
„Останува нејасно за што е донесена оваа пресуда, за настаните што се случија во Собранието или за протестите. Не слушнав за било какви дејствија што ги сториле моите клиенти“, изјави адвокатот Еленко Миланов по соопштувањето на шокантната пресуда.
„Не може да има осуда против ниту еден од моите клиенти. Не би ја коментирал пресудата, но ќе поднесеме жалба“, рече Еленко Миланов, адвокатот на обвинетите и осудени на вкупно 25 години затвор, за настаните на крвавиот четврток во македонскиот парламент во 2017 година.
– Останува нејасно за што е донесена оваа пресуда, за настаните што се случија во Собранието или за протестите. Не слушнав за било какви дејствија што ги сториле моите клиенти. Во случајов, се потврди дека имаме изјави на дежурни сведоци како Александар Василевски Нинџа, за кои одбраната докажа дека се лажни и според тоа дека не може да има осуда за било кој од обвинетите – рече адвокатот Миланов и најави жалбена постапка, откако судот ќе ја обзнани написмено пресудата по заршување на судењето.
Претходно, судечкиот совет одговори позитино на барањето на обвинетите да не одат веднаш во затвор, како што побара обвинителството, туку во куќен притвор да ја чекаат одлуката на Апелацискиот суд, кој треба да одлучува по жалбите. Така, од денеска, во куќен притвор ќе бидат сите обвинети -Трајко Велјановски, Спиро Ристоски и Владимир Атанасовски.
Судијата Трпков, пред да ја соопшти пресудата, повеќе од половина час образложуваше зошто судот смета дека обвинетите се виновни и дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиески работеле по насоки на Груевски. Според судијата, обвинетите добија најмали казни за стореното дело, а тоа било така поради Законот за амнестија, со кој се ослободија дел од обвинетите во првата постапка. Овој закон донесен во првата постапка за настаните од 27 април во Собранието е олеснителна околност во оваа постапка, рече судијата Трпков.
Поранешниот претседател на Собранието Велјаноски е осуден на 6 години и 6 месеци, а поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на 6 години и 3 месеци. Толку доби и поранешниот министер за наука и образование Спиро Ристовски. За виновен е прогласен и Владимир Атанасов, поранешен директор на УБК, и е осуден на 6 години затвор.
Судската постапка за случајот „Организатори на 27 април” траеше 1 година и 6 месеци. Судијата Илија Трпков, при изрекување на пресудата, рече дека државата не се брани и не се гради со насилство и дека обвинетите се виновни за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.