Српската адвокатка Зора Добричанин пред осум месеци во емисија на телевизијата Хепи зборува за криминалните кланови со оригинални македонски пасоши.
–Јован Вукотиќ е донесен во Србија од Турција, наводно поради тоа што користел македонски пасош со своја фотографија и друго име. Но, тој пасош беше целосно оригинален. Со вештачење е утврдено дека пасошот е автентичен и никогаш не го користел на територија на Република Србија – вели адвокатката на српската ТВ Хепи.
Во земјава е актуелна аферата „Мафија“ што ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ, опозициската апартија која бара одговори од власта и од министерот Оливер Спасовски за издавањето пасоши на криминалци.