Адвокатите на Навални: Тој е многу слаб, мора во болница за да не умре
„Тој е многу слаб, тешко му е да седи и да разговара“, рече Олга Михаилова пред новинарите, додавајќи дека Навални „не добил соодветна медицинска нега“ во болницата за затвореници со туберкулоза.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој штрајкува со глад веќе три недели, е многу слаб и не добил медицинска помош, соопштија денеска неговите адвокати.
„Тој е многу слаб, тешко му е да седи и да разговара“, рече Олга Михаилова пред новинарите, додавајќи дека Навални „не добил соодветна медицинска нега“ во болницата за затвореници со туберкулоза.
Таа побара Навални итно да биде префрлен во цивилна болница во Москва со цел да се спречи да умре.
Групата лекари предводена од Анастасија Василијева, личен лекар на 44-годишниот опозиционер, не им е дозволено да влезат во болницата, како што се случувало секој пат кога се обидувале да го посетат Навални.