Адвокати со писмо до владата обвинуваат дека Кривичниот суд дискриминира и бараат одложување на рочиштата

Адвокатите во писмото се повикуваат на забраната за истовремено присуство на повеќе од 5 лица на отворен простор, и посред нив во конкретниот случај се врши директна повреда на мерките од владата од страна на Основниот кривичниот Суд, со оглед дека не постојат основни услови за придружување кон препораките издадени од владата.

414

Седумдесет и четири адвокати со писмо упатено до Судскиот совет, прмиерот Оливер Спасовски, министрите за правда, здравство и МВР, Рената Дескоска, Венко Филипче и Наќе Чулев, наведуваат дека Основниот Кривичен Суд Скопје со предлог мерката за понатамошен тек на судењата врши дискриминација во однос на останатите граѓани во услови на постоење на вонредна состојба и непостапување согласно здравствените прописи и одлуките на Владата.

– Во овие моменти кога во Македонија е прогласена вонредна состојба и сечие движење и комуникација се доведени до минимум со цел спречување на ширење на коронавирусот и превенирање на било какви несакани последици, чувствуваме должност да ве известиме за противправното и дискриминирачко постапување на Кривичниот Суд Скопје и предлагаме мерки за натамошниот тек на судењата, се наведува во писмотот на адвокатите.






Адвокатите во писмото се повикуваат на забраната за истовремено присуство на повеќе од 5 лица на отворен простор, и посред нив во конкретниот случај се врши директна повреда на мерките од владата од страна на Основниот кривичниот Суд, со оглед дека не постојат основни услови за придружување кон препораките издадени од владата. Тие наведуваат дека според известувањето кое го објавил Кривичниот суд, во врска со рочиштата кои треба да се одржат во Кривичниот Суд Скопје, се работи за вкупно 308 рочишта меѓу кои има предмети со по 10, 15, 20 и повеќе обвинети кои на истите присуствуваат со еден или повеќе бранители.

Поврзани содржини