АДВОКАТИ НА ЗАЕВ ГИ УБЕДУВАЛЕ ОБВИНИТЕЛИТЕ ДА УКИНУВААТ ПРИТВОРИ Манасиевски тврди дека СЈО функционирало како штаб на СДСМ

Го повикуваме ЈО да покаже дека се ослободило од канџите на Зоран Заев и СДС, и да ги истражи овие сведоштва на поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, за вистината конечно да излезе на виделина – рече Манасиевски.

0

Сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, се доказ за тоа како Зоран Заев го отвори правосудството како пупка. СЈО бил претворен во партиски штаб на СДСМ, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

– Зоран Заев и СДСМ во тоа време ветуваа некаква вистина и правда за Македонија, но освен политички прогон, политичко монтирани случаи и изживување врз поранешни политичари, друго граѓаните не добија.






Обвинителката Кадриу, во интервју сведочи дека во еден момент, дури 4 адвокати на Зоран Заев, дошле во СЈО, да ги убедуваат обвинителите да се пуштат лица од притвор за предметот „Пуч’’. Биле убедувани да дадат позитивно мислење за да може предметот да се преземе од ОЈО ГОКК, за да може предметот да биде работен од токму СЈО. Истиот овој предмет, потоа бил и донесен во СЈО, спакуван во некакви кутии и обвиен со заштитна фолија. Овој предмет требало да го работат обвинителките Ленче Ристоска и Лиле Стефановска. Толку бил влечкан овој предмет и обвинителките не оделе на рочиштата, што според обвинителката Кадриу, овој предмет ден денес ако го најдеме некаде се уште би бил во некоја заштитна фолија, ниту отворен, ниту разгледан.

Дополнително, обвинителката Кадриу сведочи дека во уште минимум два предмети, додека таа била во СЈО, биле политички монтирани. Едниот е случајот за кој беше обвинета поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, а другиот е случајот со Нешковски, случај со кој СДСМ излажа многу граѓани, ветуваше некаква вистина, за на крај да излезе дека нема никаква институционална одговорност.

Заев и СДСМ тогаш беа спремни да направат се само за да дојдат на власт и успеаја во намерите. Го лажеа својот народ и му ветуваа приказни, кои и ден денес се потврдуваат дека се лажни. СЈО и Катица Јанева беа користени само за Зоран Заев и СДС да дојдат на власт. По нивното искористување, сите знаеме како заврши таа приказна.

Затоа, го повикуваме ЈО да покаже дека се ослободило од канџите на Зоран Заев и СДС, и да ги истражи овие сведоштва на поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, за вистината конечно да излезе на виделина – рече Манасиевски.

Поврзани содржини