Адвокат облечен како смртта ги предупредува луѓето на плажите на опасност ФОТО

734

Адвокат од Мајами пронајде начин како да ги предупреди луѓето на социјална дистанца на плажите во Флорида каде што и покрај коронавирусот тие се отвараат.

Адвокатот Даниел Јулфелдер тоа го прави облечен како смртта, со коса во раката седејќи на високи столови наменети за чуварите на плажите, а како што вели и тој самиот, од 1 мај ќе почне тоа редовно да го прави, бидејќи мерките за претпазливост попуштаат, па затоа да ги потсети луѓето на опасноста и на важноста на држењето социјалната дистанца.






Адвокатот најави и дека ќе патува и ќе ги обиколува плажите по должина на брегот на Флорида.

Неговиот застрашувачки изглед може да изгледа, како што велат многу американски медиуми, како Ноќта на вештерките да пристигнала премногу рано, но она што го прави адвокатот од Мајами треба да го спречи ширење на коронавирусот.

– Многумина ме прашаа дали сум спремен да патувам низ цела Флорида облечен како смртта (во црна наметка со голема качулка и коса во раката). Подготвен сум, апсолутно, затоа што плажите и другите делови на градовите се отвораат премногу рано”, напишал Jулфелдер на Твитер, покрај својата аветинска фотографија која покажува дека смртта демне и на плажа, ако не се почитуваат мерките.

Адвокатот смета дека ова е вистинскиот начин да ги предупреди луѓето дека опасноста сè уште не поминала.

Првпат се појавил во Џексонвил кон средината на април кога се отвори плажата и кога илјадници луѓе веднаш се упатија кон океанот.

Со одлука на властите на Флорида, плажата беше отворена за рекреација, риболов, пливање, трчање, но не и за сончање и лежење на песокот.

Во март тој се залагаше за затворање на сите плажи на Флорида и рече дека гувернерот не се грижи дали луѓето ќе починат, пренесува „Klix.ba“.

Оваа турнеја има уште една цел, а тоа е собирање пари за демократите за да се кандидираат за федералната власт оваа година. Јулфелдер рече дека целта е да се соберат 20.000 американски долари и ги повика Американците да помогнат за да ги избркаат републиканците од власта.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини