АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење ќе и предложи на владата намалување на закупнината на деловните простории на Друштвото, и тоа во целиот период на траење на мерките за заштита и превенција од вирусот ковид-19, соопшти АДСДП.
– На овој начин, закупците на угостителски објекти би плаќале 30 отсто пониска закупнина на месечно ниво ,а сите останати 20 отсто пониска закупнина. Предлог мерката беше договорена на состанок меѓу дел од закупците и раководството на Друштвото, а на кој Генералниот директор Кристијан Трајковски беше информиран за состојбата и последиците со кои што се соочуваат.Ваквото олеснување ќе можат да го користат само клиентите кои ќе ги подмират финансиските обврски, односно да не должат закупнина повеќе од 3 месеци, а правото ќе можат да го остварат и сите идни закупци кои ќе склучат договор за користење на деловен простор во сопственост на АДСДП , се вели во соопштението.