АДСДП ги дезинфицира катните гаражи, социјалните згради и подружниците
Дезинфицирани се заедничките простории (скалишниот простор и гелендрите, лифтовите, патеките на движење).
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје изврши нова, втора по ред дезинфекција на катните гаражи „Кресненско Востание’’, „Разловечко Востание’’, „Солунски Конгрес’’ и „Смилевски Конгрес“.
Дезинфицирани се заедничките простории (скалишниот простор и гелендрите, лифтовите, патеките на движење).
Од АДСДП информираат дека ваква акција ќе биде реализирана и во следните три недели ( еднаш неделно), а во случај на потреба истата ќе продолжи согласно препораките на Владата.
Во меѓувреме, продолжува и дезинфицирањето на социјалните згради ( вкупно 20) лоцирани низ целата територија на државата. По минатонеделниот третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми на површините, стручните тимови ја повторуваат акцијата со која се опфатени лифтовите, влезовите на објектите, заедничките простории, скалишниот простор и гелендрите.
Процес на дезинфекција е спроведен и во сите 11 Подружници на АДСДП.
Повторувањето на постапката на дезинфекција е во насока на сузбивање и намалување на можноста на проширување на вирусот КОВИД-19.