АДСДП ЌЕ ИМ КОНКУРИРА НА ГРАДЕЖНИЦИТЕ Ќе продава станови во повеќе градови
Директорот на Друштвото најави дека, покрај изградбата на социјални згради, ќе се понудат станови на пазарот со корнетни цени.
Акционерското друштво за стопанисување со станбен и со деловен простор следната година ќе излезе со значителна понуда на комерцијални станови за граѓаните, изјавидиртекторот на Друштвото Кристијан Трајковски.
Планот, како што рече Трајковски, е да се понудат станови во повеќе градови во земјата.
– Тука ќе бидат становите кои што ќе им ги понудиме на нашите граѓани по коректни цени во Скопје, Битола, Охрид и во другите градови – рече Трајковски.
Тој денеска беше во редовна конторла на изградбата на социјална зграда во Гевгелија која треба да биде завршена до почетокот на следната година.
Зградата треба да обезбеди дом за 52 семејства од социјално ранливите категории на граѓани.
– Се работи за социјален објект со вкупна вредност од 79.000.000 денари. Реализацијата на овој објект е 70 отсто завршена и очекувам дека во наредната година овој објект ќе го предадеме на Министерството за транспорт и врски и ќе започне распределбата на сите оние станови кои им се потребни на нашите граѓани од социјална категорија – рече Трајковски.