Супермоделот и поранешна сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ, Адријана Лима (40), присуствуваше на отворањето на 78-от Филмски фестивал во Венеција, а таа прилика ја искористила и за да го претстави новото момче.
View this post on Instagram
Имено, официјално е отворено 78-то издание на престижниот фестивал кој го обединува светскиот џет-сет.
Бразилската убавица се појавила на црвениот тепих во сексапилен црвен фустан кој го истакнувал нејзиното деколте, а целиот изглед го заокружила со црвени сандали на висока потпетица. Долгиот фустан до подот и со високиот изрез до бутовите совршено ѝ прилегал на убавата Бразилка, но и од нејзиниот изглед поголемо внимание привлекло нејзиното друштво на црвениот тепих.
View this post on Instagram
Адријана се појавила со маж на кого светските медиуми сѐ уште не му го знаат името, а со својот мистериозен партнер разменила неколку бакнежи среде Венеција, што дефинитивно било вистински деликатес за сите папараци!
Тие двајца, всушност, веќе се појавија заедно во мај оваа година, но Лима мудро молчи и не го открива идентитетот на партнерот. Сепак, многу медиуми пренесуваат дека станува збор за Андре Лемер, продуцент роден во 1981 година.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм