🎥 АДРЕНАЛИНОТ ЌЕ ГО ЧИНИ Погледнете што доживеа турист во Тенерифе

Пожарникари го извлекле повредениот турист и го предале на брзата помош која го однела во болница каде што му биле констатирани повеќе скршеници и други повреди.

1,108

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како 40-годишен турист на островот Тенерифе, Шпанија, се обидува да скокне од карпа во морето, но не успева и паѓа на карпите долу, пишува британски Сан.

Пожарникари го извлекле повредениот и ѝ го предале на брзата помош која го однела во болница каде што му биле констатирани повеќе скршеници и други повреди.






Апел да не се повтори вакво нешто упати и здружението кое го објави видеото.

„Ве молам, без вакви самоубиствени дејствија“, напиша здружението.

Ел Чарко дел Танкон е подводна пештера која се наоѓа во градот Пуерто Сантјаго. Многу е привлечна за капачите, но и многу опасна. Секоја година се случуваат неколку несреќи, а за жал имало и такви со трагичен исход.

Поради големата опасност, капењето е забрането, но тоа не ги спречува туристите, кои сакаат добра забава, да си ги ризикуваат животите.

Поврзани содржини