ЈАДРАНКА ДАБОВИЌ ПРЕДЛОЖЕНА ЗА УСТАВНА СУДИЈКА Собраниската комисија, сепак, ја прекина седницата

Предлогот за нов уставен судија доаѓа поради испразнетото место на судијата Јован Јосифовски чиј мандат истече во јануари 2022 година.

244

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја почна седницата на чиј дневен ред е Утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Предлог за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија од страна на партиите од власта е професорката на Правниот факултет Јадранка Дабовиќ.






Предлогот за нов уставен судија доаѓа поради испразнетото место на судијата Јован Јосифовски чиј мандат истече во јануари 2022 година.

Седницата беше прекината откако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на почетокот на седницата, во процедурална забелешка до претседателката на комисијата Марија Георгиевска, побара таа да се прекине зашто, како што рече таа е свикана неделовнички. Тој потенцира дека членовите ја добиле поканата во петокот, но не им биле доставени материјали за точката од дневниот ред.

Георгиевска ја прекина седницата и информира дека со работа по истата ќе продолжат утре во 11 часот.

Поврзани содржини