„ЈАДРАН ФИЛМ“ ГИ ТУЖИ ЗАЕВ И ВЛАДАТА ЗА ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ Раскинувањето на договорот за серијата „Македонија“ нанесе милионски штети

„Не постои меѓународен суд кој нема да казни таков очигледен, дрзок обид за измама, обид за уништување на компанијата со фалсификати, антидатирани документи се со цел и намера да се избегне извршувањето и спроведувањето на правосилната судска пресуда“, обвинува „Јадран Филм“.

2,819

Во име на „Јадран филм“и американските и хрватските партнери на телевизиската серија „Македонија“, со допис до медиумите, директорот Винко Грубишиќ ја извести македонска јавност дека американско-хрватската компанија, косoпственици на „Јадран филм“ доел Скопје, поднесува кривична пријава за злосторничко здружување на чело со премиерот Зоран Заев.

Пријавата е за Злосторничко здружување по член 394, за Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 и за фалсификување исправа по член 378 од Кривичниот законик.






Освен тоа, „Јадран филм“ ќе поднесе и тужба со оштетни побарувања пред меѓународните судови во Вашингтон и во Луксембург, против Владата, откако Агенцијата за филм на РС Македонија одби да ја спроведе правосилната пресуда, со која раскинувањето на договорот со „Јадран филм“ за телевизиската серија „Македонија“, правосилно е прогласено за ништовно, а исто така за ништовни се прогласени и сите последици од тој противзаконски раскинат договор.

Агенцијата за филм, која е под директна надлежност на Владата, правосилно ги изгуби споровите против „Јадран Филм“, во врска со телевизиската серија. Со тие пресуди, на сите нивоа во македонските судови, Агенцијата за филм и Горјан Тозија ги исцрпија сите законски можности против „Јадран филм“. Во текот на повеќегодишните судски процеси, истиот се обидуваше да сокрие дека правосилно е утврдено дека директорот на владината Агенција, Горјан Тозија, како одговорно лице, ги прекршил македонските закони и дека е прогласен за виновен за сета штета која е нанесена, штета која од ден во ден се повеќе расте.

„Сосема е јасно дека премиерот Зоран Заев и неговите луѓе од ‘организацијата’ дејствуваат на штета на државата и на штета на сите нејзини граѓани, бидејќи милионската штета и срамниот меѓународен скандал што сега го направија, премиерот Зоран Заев и неговата ‘организација’ нема да го платат. Откако Агенцијата за филм одби мирно решение на спорот и со фалсификати,
антидатирани документи  и т.н. ‘повторни раскинувања’ на ништовен раскин и се обиде да ја уништи американско-хрватска компанија, нашите правни тимови во САД, Луксембург, Франција, Белгија и во Хрватска подготвија тужби и отштетни побарувањата.

Штетата која досега е направена е огромна, а со самото поднесување на тужбите кои ќе следат, заедно со адвокатски, судски трошоци и такси, вклучително и барањата за отштета ќе предизвикаат дополнителна милионска штета. Не постои меѓународен суд кој нема да казни таков очигледен, дрзок обид за измама, обид за уништување на компанијата со фалсификати, антидатирани документи се со цел и намера да се избегне извршувањето и спроведувањето на правосилната судска пресуда“, се вели, меѓу другото, во известувањето.

Поврзани содржини