Компанијата „Адора инженеринг“ донираше пари за настраданите во катастрофалниот земјотрес, кој однесе многу невини човечки животи и предизвика огромна материјална штета во Туркије и во Сирија.
„Во овие моменти најважна е солидарноста, а македонскиот народ сочувствува со нашите пријатели од Турција и погодениот регион. Адора изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во земјотресите, а средствата уплатени преку Халк банка – Скопје се со цел барем малку да се помогне и да се обезбедат неопходните намирници и средства за преживеаните, иако загубата на човечките животи е ненадоместлива“, соопшти компанијата.
– Сега е најважно секој од нас, согласно своите можности, да покажеме хуманост, солидарност и човечност на дело – порача генералниот директор на „Адора инженеринг“, проф. д-р Ванчо Чифлиганец.