Адора и „Фондацијата Ванчо Чифлиганец“ им подарија компјутери на училишта во Радовиш

404

              

Со донација на нови компјутери, среќен почеток во новата учебна година на неколку училишта во Радовиш им посака генералниот директор на Адора инженеринг професорот д-р Ванчо Чифлиганец и извршната директорка, д-р Драгана Д. Чифлиганец,






„Во вакви тешки времиња на пандемија ковид-19 Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, одлучија со донација на 12 нови персонални компјутери и 6 iPad ( ајпади ) на неколку училишта во Радовиш да им помогнат на наставниците и на учениците непречено да ја реализираат и следат on-line наставата. Оваа година е тешка за сите, се соочуваме со големи предизвици и затоа треба, секој според можностите, да го поддржиме образовниот процес, бидејќи после здравството, образованието е најважната алка во општеството, тоа се нашите идни генерации”, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, при предавањето на донацијата, во присуство на директорите на училиштата.

Тие изразија огромна благодарност и порачаа дека оваа иницијатива на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец ќе биде пример кој ќе го следат и други компании, организации и поединци.

Поврзани содржини