ЈАДНА ПАРА ЗА НАШИОТ ОЛИМПИЕЦ ЈАДА Општина Крушево издвоила само 10.000 денари за пат за Пекинг
Македонските олимпијци се соочуваат со финансиски проблеми.
Нашиот олимпиец Ставре Јада од Крушево, кој треба да ја претставува Македонија во Пекинг на Зимските олимписки игри, не наишол на слух во општината, која му доделила само 10.000 денари за неговото патување и за престој на игрите. Неговиот статус Ви го пренесуваме интегрално:
„Почитувани,
Поради мојот втор настап на зимски олимписки игри овојпат во Пекинг, доставив барање за финансиска помош до Општина Крушево.На денешната седница на Советот на Општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци. Пред еден месец, Општина Крушево обезбеди финансиска помош и службено возило до Босна и Херцеговина за целосно новата биатлон федерација.
Сакам да поставам неколку прашања до Општина Крушево:
1. Дали овај е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот?
2. Зошто Општината има двојни аршини при финансирање на спортистите?
И со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на Зимските олимписки игри во Пекинг.“