АДМИНИСТРАТИВНА ГРЕШКА ЈА ОДДАЛЕЧИ ОД СОНОТ Матурантка не полагаше државна матура и остана без упис во Словенија

Таткото револтиран вели дека поради грешка од надлежните охриѓанката нема да може да се запише на посакуваниот факултет во Словенија.

515

Матурантката Тијана Силјаноска од Охрид денеска не можеше да полага државна матура. На списокот меѓу 200 те матуранти нејзиното име изостана па беше вратена дома, објави тв24.

Таткото револтиран вели дека поради грешка од надлежните охриѓанката нема да може да се запише на посакуваниот факултет во Словенија.






– Ќерка ми сакаше да студира во Љубљана, сега тоа право ѝ е спречено од администрацијата и директорката во гимназијата. Нека сноси некој одговорност, нека се види кој е виновен. Ќерка ми во моментов е под седативи дома – вели таткото.

За овој случај реагирале до сите надлежни инспекторати, од каде велат дека ученичката е обесправена.

На гимназијалката од Охрид и е ускратено и првото два пати да полага државна матура, таа ќе може само еднаш и тоа во август. Министерот за образование Шаќири најави дека ќе го испита случајот.

Поврзани содржини