Административците од ГОБ „8 Септември“ повторно со протест побараа надомест

Тие исто така тие повторно порачаа дека се дел од здравство и дека работат во ковид болница, па поради тоа сметаат дека и за треба да следува еднократна помош.

242

Денеска за време на паузата повторно на протест излегоа вработените во администрацијата и техничкиот персонал во ГОБ „8 Септември“.

Причина за нивниот протест е незадоволството поради тоа што беа изземени од еднократната помош од 30.000 денари, која им беше исплатена на другите вработени во ковид-центрите низ земјата.






Тие исто така тие повторно порачаа дека се дел од здравство и дека работат во ковид болница, па поради тоа сметаат дека и за треба да следува еднократна помош.

Станува збор за 195 вработени, дел од нив работат без продолжен договор, а 150 лица немаат решение за работа веќе 6 години.

– Ние вработените во Администрацијата, исто така од почетокот на пандемијата сме изложени на ризик од заболување со ковид-19, некои од колегите дури и беа инфицирани со вирусот на своите работни места. Бараме од министерството и Владата и нас да не вклучи во помошта што ја добиваат другите здравствени работници, затоа што сметаме дека распределбата не е рамномерна. Досега имавме неколку средби поради ова барање, но нема никаков одговор од другата страна. Засега ќе простестираме за време на нашата пауза, а за понатаму не се исклучува можноста за порадикални активости – изјави за Плусинфо вработена во ГОБ „8 Септември.

Претходно првиот човек на болницата, директорот Христијан Костов претходно изјави дека се согласува дека вработениот на шалтер бил во контакт со ковид позитивни лица, но само со документи, не ги лекувале. Поради тоа може да се изедначи нивниот труд и ризик со позицијата на здравствениот персонал. Тој најави дека ќе обезбеди награда и за административците, но не 30.000 денари, туку околу 15.000 денари за кои рече дека дел ќе ги обезбеди од министерството за здравство, а дел од донации.

Вработените од администрацијата се задоволни и со понудениот предлог од директорот и се надеваат дека оваа награда ќе биде легната на нивните сметки, а до тогаш тие остануваат на нивниот став да протестираат секој ден за време на паузата.

Поврзани содржини