Јадете кајсии: Го чуваат видот, штитат од дијабетес и срцеви заболувања

Сите знаеме дека кајсиите се вкусни, но дали знаевте дека се полни со витамини и минерали кои му помагаат на телото правилно да функционира?

735

Кајсиите помагаат за зачувување на здраво варење и за здравје на очите, спречуваат ризик од срцеви заболувања и згора на се, ќе дадат голем придонес за вашиот изглед. Имено, кајсиите ѝ помагаат и на кожата да остане убава и младешка.

Тие се исклучително хранливи, па две свежи кајсии содржат само 34 калории, 8 грама јаглени хидрати, еден грам протеини, 0,27 проценти грама маснотии, 1,5 грама влакна. Тие се одличен извор на бетакаротен и лутеин, антиоксиданти кои помагаат во борбата против штетните слободни радикали. Најдобро е да ги јадете цели и нелупени.






Покрај бета каротенот, кајсиите се одличен извор на витамини А, Ц и Е. Содржат флавоноиди, соединенија кои штитат од болести како што се дијабетес и срцеви заболувања и докажано е дека ги неутрализираат слободните радикали и штитат од хронични болести.

Во кајсиите се наоѓаат и витамини А и Е, а тие се важни за одржување на здравјето на очите. Состојки како зеаксантин и витамин Ц ги штитат очите од оштетување.

Благодарение на антиоксидантите и витаминот Ц, кајсиите се одлични за кожата. Тие ја штитат од штетни надворешни влијанија и УВ зраци кои предизвикуваат трајно оштетување. Витаминот Ц помага да се обнови кожата и да се изгради колаген, а бета-каротенот штити од изгореници.

Кајсиите се богат извор на влакна, па помагаат во одржување на балансирано варење. Шолја кајсии содржи 3,3 грама влакна, а исто така се богати и со растворливи влакна, што е важно за одржување на нивото на шеќер и холестерол во крвта.

Минералот калиум е одговорен за регулирање на мускулните контракции и течности во организмот. Исто така, со земање калиум можеме да го спречиме непријатното чувство на надуеност.

Кајсиите се богати со вода и затоа помагаат во одржување на здрав крвен притисок, телесна температура, здравје на зглобовите и правилно функционирање на срцето.

Ова овошје можете да го додадете во вашата исхрана на различни начини – свежо како закуска, во колачи, џем, со јогурт или во салата …

Кајсиите, за разлика од некои други видови овошје, не созреваат по берењето. Затоа, внимавајте да не купувате тврди, незрели плодови. Или, ако имате сопствено дрво од кајсија, не ги собирајте премногу рано, пред да бидат созреани.

Фото: Pexels

Поврзани содржини