Адеми вети ИТ уреди и интернет за сите ученици

За моделот и опциите преку кои средства за електронска комуникација ќе се организира наставата, според министерот, најцелисходно е самите училишта да се определат, бидејќи пред донесување на уредбите препорачано е до сите образовани институции да организираат онлајн настава.

449

Онлајн образованието е системско решение и има механизми за контрола на училиштата. Интернет ќе има за сите ученици, а со помош на донатори ќе се помага и на оние ученици кои немаат ИТ уреди, вели министерот за образование, Арбер Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој рече дека донесените уредби на Владата предвидуваат дека далечинското учење или учењето од дома преку средствата за електронска комуникација се организира и треба да се обезбеди двонасочна комуникација и разменување податоци.






Адеми оценува дека се работи за системско решение, ама за моделот и опциите преку кои средства за електронска комуникација ќе се организира наставата вели дека е најцелисходно самите училишта да се определат, бидејќи пред донесување на уредбите препорачано е до сите образовани институции да организираат онлајн настава.

– Дали ќе користат Мајкрософт тимс или Гугл класрум, Фугл драф, Едмундо или некоја друга платформа или можеби тие развиле своја платформа, тоа е нивно решение –  вели Адеми и додава дека има механизам да се контролираат училишата доколку не го прават тоа.

Министерот истакнува дека е определба да се обезбеди интернет за сите деца и затоа е пратен допис до сите училишта да информираат кои деца немаат пристап до интернет.

– Најбитно е сега интернет да има секој, секој да има пристап, затоа ние веќе со колегата за информатичко општество Дамјан Манчевски ќе доделуваме ваучери за пристап до интернет бесплатно за сите деца кои потекнуваат од семејства кои немаат никакви приходи. ИТ уред, генерално имаат најголем дел од децата или родителите на децата имаат, но и со една скромна цена може да се обезбеди ИТ уред на пазарот или најмалку употребуван паметен телефон. Веќе сме во комуникација со потенцијални донатори од бизнис заедницата кои сакаат да помогнат во овој дел и на најзагрозените семејства кои се под социјален ризик без никакви примања – вели министерот за образование во интервју за Радио Слободна Европа.

Поврзани содржини