Адеми се повреди, главоболки за Мрме
Дополнителните прегледи ќе треба да откријат дали Адеми има скршеница на стапалото, а доколку постои такво нешто, тогаш тоа ќе биде дополнителен проблем затоа што го очекува долга пауза.
Капитенот на хрватскиот клуб Динамо и македонски репрезентативец, Аријан Адеми, се повреди и нема да игра во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа против Виљареал, а според првите информации од Хрватска, сезоната за капитенот е завршена.
Дополнителните прегледи ќе треба да откријат дали Адеми има скршеница на стапалото, а доколку постои такво нешто, тогаш тоа ќе биде дополнителен проблем затоа што го очекува долга пауза.
Адеми поради болка го заврши натпреварот против Локомотива во домашното првенство, а тоа ќе создаде главоболки за селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски.