АДЕМИ ПРИСТИГНА ВО КИНА Македонскиот репрезентативец со Пекинг Гуан ќе атакува на титулата

Адеми, кој има 28 настапи за македонската репрезентација, потпиша тригодишен договор со Пекинг Гуан и ќе заработува 1,65 милиони евра по сезона.

289

Кинескиот фудбалски прволигаш Пекинг Гуан денеска официјално го претстави македонскиот репрезентативец Аријан Адеми како еден од своите осум нови фудбалери за новата сезона.

Адеми (31) се пресели во Кина од редовите на Динамо Загреб, чиј дрес го носеше од 2010 година и стекна култен статус во актуелниот хрватски првак.






Кинескиот клуб соопшти дека Адеми во новата сезона ќе го носи дресот со бројот 45.

Адеми, кој има 28 настапи за македонската репрезентација, потпиша тригодишен договор со Пекинг Гуан и ќе заработува 1,65 милиони евра по сезона.

Новата сезона во кинеската Суперлига ќе стартува на 15 април.

Поврзани содржини