Адеми: Можно пролонгирање на учебната година, а само ако би биле принудени, би се определиле за он лајн настава

Барам разбирање од сите родители и наставници. да ги имаме во вид сите ризици со кои би се соочиле. Што ако протоколите не се почитуваат, ако има неодговорен однос и ковид-19 да се шири и училиштата да бидат жаришта?  - рече Адеми и додаде дека „најдобро би било училитата да не се отворат, но тоа оди на штета на квалитетот“.

669

Само кога нема друга опција и ако би биле принудени, би се определиле за он лајн настава. Јасен е нашиот став – нема замена на настава со со физичко присуство , но да водиме сметка трба и за децата, а тоа е  предвидено со конкретни  мерки,  услови и упатства како да се обезбеди настава со физичко  присуство. Децата би седеле на најмалку 1, 5 метри растојание, а групите да бидат помали од 20 ученици. Но продолжуваат консултации за најсоодветно решение за нашите деца. И јас имам огромни дилеми, а ова е една од најтешките одлуки за една влада и за еден министер – изјави на денешната прес конференција министерот за образование, Арбер Адеми.

Тој најави дека е можно и пролонграње на почетокот на учебната година и истакна дека сѐ уште нема договор за протоколите според кои учениците би се вратиле во училиштата.






– За  било каков модел да се решиме, треба измени во законите за основно и за средно образование,па затоа  укажуваме и на можно пролонгирање на учебната година, зависно од законските акти – за тие да се донесат, мора да има функционално Собрание. Мора да сме флексибилни за да се прилагодиме на еден или друг модел, зависно од епдиемиолошката состојба. Барам разбирање од сите родители и наставници. Да ги имаме во вид сите ризици со кои би се соочиле. Што ако протоколите не се почитуваат, ако има неодговорен однос и ковид-19 да се шири и училиштата да бидат жаришта?  – рече Адеми и додаде дека „најдобро би било училитата да не се отворат, но тоа оди на штета на квалитетот“.

Продолжуваат консултациите за да се одбере најбезбедниот модел за организирање на наставата. но  сѐ зависи од епидемиолошката состојба во земјата.

Во врска со неговиот став за евентуалното вакцинирање на учениците против ковид-19, Адеми рече дека не е компетентен за одговор на тоа прашање.

 

 

 

 

Поврзани содржини