ЈАДЕЛЕ ХАМБУРГЕРИ И ПИЕЛЕ КОКА-КОЛА Протече фотографија од состанокот помеѓу Вучиќ и Курти

Според пишувањата на српските медиуми, двајцата лидери биле послужени со газирани пијалаци и со хамбургери на преговарачката маса, а на социјалните мрежи веќе почнаа да кружат критики и шеги од типот: „ЕУ може да си отвори синџир за брза храна“.

4,728

Протече фотографија од состанокот што денеска го одржаа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, а еден детал го привлече вниманието на јавноста.

Имено, на заедничката маса на којашто еден спроти друг се седнати двајцата државници, поставени се две чинии со по четири хамбургери и неколку шишиња Кока-кола.






Според пишувањата на српските медиуми, двајцата лидери биле послужени со газирани пијалаци и со хамбургери на преговарачката маса, а на социјалните мрежи веќе почнаа да кружат критики и шеги од типот: „ЕУ може да си отвори синџир за брза храна“.

Српските медиуми го коментираа и говорот на телото на учесниците: „Курти мирен и насмеан, додека Вучиќ е како на погреб“, беше насловот на еден од медиумите.

На средбата ќе се разговара за бројни нерешени прашања меѓу двете земји. Како што може да се види на фотографиите, се е под патронат на специјалниот претставник на ЕУ за Косово, Мирослав Лајчак.

Поврзани содржини