АДЕЛ СЕ ПРЕТВОРИЛА ВО СЕКС-БОМБА Пејачката непрепознатлива на насловната на „Вог“ (ФОТО)

Адел првпат проговори за деталите од нејзиниот развод, за неверојатната трансформација на телото, но и за нејзиното ново момче.

3,600

Светот не може да престане да се восхитува на новата Адел. Поп-дивата влезе во историјата како прва славна личност која во ист месец се појавила на насловната страница на американскиот и британскиот „Вог“ и изгледаше одлично на нив,

Блескајќи на новите фотографии, Адел првпат проговори за деталите од нејзиниот развод, неверојатната трансформација на нејзиното тело при која ослабе 45 килограми, но и за нејзиното ново момче.






Адел изгледа совршено! На двете насловни страници, нејзиниот портрет и сјајна коса се во преден план.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)


Адел целосно се промени во последните две години. Долго време не се појави во јавноста, а кога одлучи да се врати на сцената, ги остави фановите во шок бидејќи изгледаше сосема поинаку. Сега одлучи да открие како одлучила да го промени својот начин на живот.

– Сѐ започна со мојата анксиозност. Кога тренирав, се чувствував подобро. Никогаш не беше затоа што сакав да ослабам, туку да станам посилна во секоја смисла и да најдам начин да се одвојам од мојот телефон. Станав малку и зависна од одењето во теретана. Понекогаш вежбам и два-три пати на ден – рекла Адел.

Таа вели дека прави крузни тренинзи и крева тегови и така секој ден, а ако нејзината анксиозност се влоши, таа си воведува уште еден тренинг, и така веќе три години.

Во интервјуто, прво по пет години, Адел зборувала и за разводот со Симон Конеки и вели дека таа го напуштила и дека би била несреќна ако не се ставела себеси на прво место. Двојката објави дека се разделиле во април 2019 година, а Адел поднесе барање за развод пет месеци подоцна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Во исто време, таа проговори за новата врска што неодамна ја започна со Американецот Ричи Пол.

– Тој е прекрасен. Забавен е и паметен – рекла Адел, очигледно воодушевена од врската со спортскиот агент.

Таа најави и нов албум, првиот по пауза од шест години. Адел го објави првиот сингл „Easy on me“, кој треба да излезе на 15 октомври.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини