АДЕЛ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД МУЗИКАТА „Исцрпена сум, немам планови“

Британската пејачка Адел се повлекува од музиката по завршувањето на музичкото шоу Викенди со Адел во Лас Вегас во ноември оваа година.

354

Британската пејачка Адел се повлекува од музиката по завршувањето на музичкото шоу Викенди со Адел во Лас Вегас во ноември оваа година.

– Воопшто немам планови за нова музика – изјави Адел во интервју за германски ЗДФ.






– Сакам голема пауза по сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи извесно време. Знаете, воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно? – додаде пејачката.

Инаку, Адел го започна своето шоу „Викенди со Адел во Вегас“, поточно во Цезар Палас, во ноември 2022 година, а нејзиниот последен настап е закажан за 23 ноември 2024 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)


Адел искрено зборуваше за своето искуство со славата, признавајќи дека ѝ недостига анонимниот живот пред да стане славна.

– Не сакам да бидам славна. Сакам да правам музика и ми се допаѓа тоа што луѓето ја прифаќаат, но не ја сакам славата. Ми недостига животот пред славата – вели таа.

Да потсетиме, Адел во февруари мораше да одложи 10 концерти во Лас Вегас поради здравствени проблеми.

– За жал, морам да се смирам и да се одморам од моите концерти во Вегас – ја започна таа објавата на Инстаграм. Лекарот ѝ рекол дека треба да ги одложи концертите, што и го направила.

Поврзани содржини