Адам има аутизам и доживотно ќе биде зависен од некого
Колку и да се браниш, секогаш стегите на аутизмот победуваат. Ние не можеме да одиме во ресторан, да правиме скара или онака спонтано дури шетаме да седнеме на клупа. Адам секогаш мора да биде во движење. Тој е вечна акција. Но, најтешка од сѐ е дискриминацијата - дискриминацијата затоа што моето дете е ‘помалку вредно од другите’, вели Аниса Ејуп Беќировиќ Трпчевска, авторка на книгата „Јас и аутизмот - Водич за преживување за родители на деца со аутизам и посебни потреби“.
Аниса Ејуп Беќировиќ-Трпчевска е авторка на книгата која излезе деновиве од ‘кујната’ на „Арс Либрис“ и може да се купи во сите книжарници на „Литература.мк“. Книгата е насловена како „Јас и аутизмот – Водич за преживување за родители на деца со аутизам и посебни потреби“, а авторката ја напишала од позиција на мајка на син со аутизам, како лична заложба кон овој проблем.
Зборувавме со авторката за нејзината лична семејна приказна и за мотивот да го напише ова корисно четиво.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.