АД МЕПСО ДОБИ НОВО РАКОВДСТВО Нов директор е Бурим Љатифи, избрани нови членови на Надзорниот и Управниот одбор

Управниот и Надзорниот одбор ќе имаат задача да го консолидираат Акционерското друштво од наследените проблеми, да се справат со корупцијата и да ги зајакнат капацитетите на компанијата во насока на реализација на развојни проекти со кои ќе допринесат за унапредување на преносната мрежа“, се наведува во соопштението.

632

Назначени се нови членови на Надзорниот и Управниот одбор на Операторот на електропреносниот систем за пренос на електрична енергија АД МЕПСО. За нов директор е назначен Бурим Љатифи, а за заменик директор Александар Пауноски.

Министерството за транспорт и врски денеска информираше дека како единствен акционер во АД МЕПСО ги има назначено Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ за членови на Надзорниот одбор.






Новиот Надзорен одбор на вчерашната седница ги избрал и новите членови на Управниот одбор. Покрај директорот и заменик-директорот, нови членови на Управниот одбор се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.

„Со изборот на новите членови на Управниот и Надзорниот одбор, приоритет се дава на ефикасно управување на електропреносниот систем преку оптимален и оддржлив развој на компнијата се со цел задоволување на потребите од електрична енергија за крајните кросиници. Притоа Управниот и Надзорниот одбор ќе имаат задача да го консолидираат Акционерското друштво од наследените проблеми, да се справат со корупцијата и да ги зајакнат капацитетите на компанијата во насока на реализација на развојни проекти со кои ќе допринесат за унапредување на преносната мрежа“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини