АЦО ПЕЈОВИЌ НА 24 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ Картите на големиот спектакл пред распродавање

Како гостин на концертот ќе биде Ивона Јо која ќе застане на големата бина заедно со Ацо Пејовиќ.

123

На само неколку дена пред дочекот на новата година, „Арената Борис Трајковски“ ќе биде местото на најдобрата предновогодишна забава во регионот. На 24 декември ќе се одржи долгоочекуваниот концерт на Ацо Пејовиќ, каде публиката ќе има можност да се забавува со дел од неговите најголеми хитови, како што се: „Да си ту“, „Све ти дугујем“ и „Поноќ“ – песна која ги руши сите рекорди на слушаност. Како гостин на концертот ќе биде Ивона Јо која ќе застане на големата бина заедно со Ацо Пејовиќ.

Организаторите од „Balkan Media Production“ истакнаа дека концертот е пред распродавање и останати се уште мал број на карти,  а истите можете да ги најдете преку продажната мрежа на kupikarta.com, Југотон и Розе Веро 2.






– Многу љубов, емоции и насмеани лица ги одбележуваат концертите на Ацо Пејовиќ, ништо поразлично нема да биде и овој пат. Се гледаме на 24-ти декември во „Арена Борис Трајковски“ – се вели во соопштението.

Поврзани содржини