🎥 АЦА ЛУКАС НЕМА ВЕЌЕ ДА НАСТАПУВА ВО МАКЕДОНИЈА Пејачот вели дека приведувањето било акција на врвот на власта

Лукас вели дека цела ноќ поминал во полициска станица, дека не му било дозволено да се врати во хотел, а утрото да чека судија за прекршоци. Вели дека полицајците во станицата биле коректни и дури му се извиниле во име на македонскиот народ.

56

Српскиот турбо фолк пејач Аца Лукас се огласи на социјалните мрежи откако беше приведен во Кавадарци поради нерегулиран настап, поради што беше парично казнет.

Пејачот тврди дека целата акција била насочена лично кон него и дека дошла од властите.






Лукас рече дека ќе размисли дали воопшто ќе настапува во Македонија „додека овие луѓе се на тие позиции“, бидејќи се чувствува небезбедно.

– Ова нема да остане неразјаснето. Ќе објавиме сè кога ќе бидеме сигурни. Не се плашиме од никого – рече тој.

Пејачот вели дека половина час пред крајот на концертот, настапот бил прекинат од полицијата.

– Не бев уапсен, отидов во полиција со сопствено возило. Во станицата ми рекоа дека настапот не бил регуларен, дека не бил пријавен, иако неколку дена претходно испратив копија од пасош – како што секогаш правиме – рече тој.

Пејачот вели дека целиот бенд бил на бина, но само тој бил однесен во станица.

– Имам сознание дека ова е направено лично и дека има врска и со луѓе од моето најблиско опкружување и со врвот на македонската власт – тврди Лукас.

Тој вели дека ако имало неправилности, надлежните требало да реагираат пред настапот, а не пред 2.000 луѓе.

Лукас вели дека цела ноќ поминал во полициска станица, дека не му било дозволено да се врати во хотел, а утрото да чека судија за прекршоци. Вели дека полицајците во станицата биле коректни и дури му се извиниле во име на македонскиот народ.

Поврзани содржини