АЦА ЛУКАС ИТНО ПРИМЕН ВО БОЛНИЦА Пејачот го задржале на испитувања
Со оглед на тоа дека дошол со силни болки и едвај стоел на нозе, бил примен како итен случај.
Српскиот фолкер Аца Лукас повторно има здравствени проблеми. Популарниот музичар прво почувствувал силна болка во стомакот, пишуваат локалните медиуми.
Бидејќи болките не престанувале, Лукас побарал лекарска помош.
Веднаш бил примен во Клиничкиот центар, а лекарите детално го прегледале и му ги направиле сите анализи.
Со оглед на тоа дека дошол со силни болки и едвај стоел на нозе, бил примен како итен случај.
Медиумите пишуваат дека причината е заморот поради претерана работа, поради што пејачот ги запоставил и исхраната и спиењето, што лошо влијаело на неговото здравје.
Во меѓувреме, пејачот се огласи и за српски „Телеграф“ раскажа како се чувствува.
„Во болница сум, добро сум. Имав мали проблеми со стомакот, но примив терапија“, изјави Лукас и додаде дека очекува вечерва да биде пуштен дома.