ЈАБОЛКО ПОЛНО СО СЕМЧИЊА Калинката има посилна антиоксидантна моќ од црвеното вино и зелениот чај

Калинката повеќе не созрева откако ќе се набере, па нема да стане послатка ако ја чувате подолго. Целото овошје може да се чува еден месец на ладно и суво место или два месеци во фрижидер. Исчистените зрна може да се замрзнат во кеса и да се чуваат во замрзнувач до една година.

142

Калинката е едно од првите култивирани плодови, покрај маслинките, смоквите, урмите и грозјето. Најверојатно потекнува од Иран, а поради тврдата кора била лесна за транспорт и брзо стигнала до далечните делови на светот. Потребно е долго топло лето за оптимален принос, но исто така поднесува и прилично студени зими и суша.

Плодовите зреат во доцна есен или рана зима, а во превод од латински нивното име значи: „јаболко полно со семчиња“.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини