ЏАБЕ СЕ „КРОКОДИЛСКИТЕ СОЛЗИ“, ЏАФЕРИ ГО ЗАПЕЧАТИ ИСКЛУЧУВАЊЕТО НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ОД ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ Вреди најавува дека ќе го реши проблемот

ДУИ, која повеќе од 20 години имаше 5 министри за правда од своите редови, никогаш не го реши овој проблем, го изгласаа Законот за правосудниот испит, оставајќи денес стотици албански студенти да ги трпат последиците од една двојна неправда, соопшти Вреди.

271

Документот од 27 август 2019 година, потпишан од Талат Џафери, е јасен доказ дека проблемот околу полагањето на правосудниот испит не е случајност, туку последица на негрижа и политичко предавство, соопшти коалицијата Вреди.

„Во тоа време, Законот за употреба на јазиците веќе беше во сила, но Талат Џафери како претседател на Собранието не побара усогласување на Законот за правосудниот испит со одредбите за албанскиот јазик. Тој го прогласи законот за прифатлив, исклучувајќи го албанскиот јазик од испитот. Уште поразочарувачки е фактот што овој закон беше изгласан со Бадентер, односно и со гласовите на пратениците Албанци од тој состав, кои имаа национална обврска да бараат испитот да се полага и на албански јазик. Тие го изгласаа законот, оставајќи денес стотици албански студенти да ги трпат последиците од една двојна неправда“, се вели во соопштението.

ДУИ, која повеќе од 20 години имаше 5 министри за правда од своите редови, никогаш не го реши овој проблем, додава Вреди.

„Денес тие пролеваат „крокодилски солзи“ и излегуваат во одбрана, но документите зборуваат јасно: овој проблем го носи печатот на Талат Џафери и нивната политика. Вреди ќе биде силата што ќе обезбеди овој испит да се полага на албански јазик. Затоа што нашиот јазик не е јазик на маргината, туку јазик на достоинството и правдата“, соопшти коалицијата Вреди.

 

Поврзани содржини