ЏАБЕ НИ Е ТРЕТА ДОЗА АКО НЕКОЈ СЀ УШТЕ НЕ ПРИМИЛ ПРВА Доктор Петличковски вели дека бустер-дозата нема да создаде колективен имунитет
Ако ги оставиме децата неиумунизирани, а тие одат на училиште, се создаваат можности за пренос на вирусот, предупредува д-р Александар Петличковски.
Третата доза нема да помогне во зголемување на колективниот имунитет, бидејќи сè уште има луѓе кои не примиле ниту прва доза, изјави директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски, во интервју за Телма.
Тој смета дека сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години, оти, како што вели, поради децата кои одат на училиште се создаваат можности за пренос на коронавирусот.
– Бустер дозата, односно третата доза од вакцината против ковид-19, кај нас нема многу да помогне за создавање колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои сè уште не примиле ниту прва доза. Сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години. Ако ги оставиме децата неиумунизирани, а тие одат на училиште, се создаваат можности за пренос на вирусот – рече д-р Петличковски.