📽️ АБЕ НЕ САКАМ ДА БИДАМ ПРЕМИЕР, ИМАМ ИШИЈАС Комично видео од 90-тите пак е популарно во Бугарија
Влегувај, не се противи, ќе бидеш премиер!, му велат луѓе во црни костуми на човек кој по случајност го одбираат на улица и пробуваат да го турнат во нивниот „мерцедес“. Човекот се жали дека не сака да биде премиер, дека има лумбаго, ишијас...
Комично видео на групата НЛО од 1996 година одново стана актуелно во Бугарија откатко земјата неодамна ги распиша шестите по ред предвремени парламентарни избори во рок од три години во обид да формира редовна влада.
На видеото се гледа како „мерцедес“ застанува покрај човек кој фрла корпа со отпадоци во контејнер и двајца на сила се обидуваат да го турнат во возилото.
– Влегувај, не се противи, ќе бидеш премиер! – му велат луѓе во црни костуми.
– Ама како, па не сакам, ми паѓа косата, имам лумбаго, ишијас… – се жали идниот премиер додека во позадина се слуша народна музика…