А ЗОШТО ЕУ НЕ СЕ ПРОШИРИ УТРЕ? Сијарто прашува зошто да се чека до 2030 година

Ајде да ги отвориме сите поглавја и да ги затвориме што е можно побрзо. Со Западен Балкан ќе бидеме поголеми и посилни, ќе има многу поголем простор за економска соработка, изјави унгарскиот министер за надворешни работи на панел-дискусијата на стратешкиот форум во Блед.

802

Петер Сијарто, унгарскиот министер за надворешни работи, денеска на Бледскит стратешки форум рече дека ЕУ е во лоша состојба и дека за да биде посилна и поголема треба да прими нови членки уште утре, а не во 2030 година.

– Мислам дека проширувањето е неопходно и мора да биде забрзано што е можно повеќе. Вчера слушнавме 2030 година, добро, но зошто не утре. Што не спречува да кажеме дека сега мораме да ги вклучиме сите кандидати од Западен Балкан во ЕУ, место да чекаме до 2030 година. Ајде да ги отвориме сите поглавја и да ги затвориме што е можно побрзо. Со Западен Балкан ќе бидеме поголеми и посилни, ќе има многу поголем простор за економска соработка. Од аспект на енергетската сигурност, тие се најважна област на транзит, барем за централниот дел на Европа и потоа ќе биде тотално непотребно да плачеме за иницијативите или намерите на други да бидат вклучени во Западен Балкан, бидејќи сè додека не го интегрираме Западен Балкан, сите други заинтересирани, кои и да се, ќе бидат вклучени и ние ќе плачеме за тоа. Мислам дека реформите треба да бидат базирани на рационалност и на здрав разум и проширување да биде ставено на врвот на агендата и да се случи што е можно побрзо – рече Сијарто на панел-дискусијата во Словенија.

 

Поврзани содржини