А ЗОШТО ДА НЕ ПРОЧИТАТЕ СЀ ЗА МОЕТО ЗЛОСТОРСТВО? Коста К. сака да напише книга и да заработи милиони
Велат дека сум император и оваа книга ќе ги интересира сите тие луѓе, а јас ќе заработам милиони затоа што луѓето ме сакаат! Зошто да не знаете сè? Толку добро ќе ја напишам што на сите ќе им биде интересно, наводно рекло момчето според извори на српска „Република“.
Напаѓачот Коста К. кој уби девет ученици и чувар во своето осново училиште во Белград сакал да пишува книга за својот живот и да заработи пари. Тој слободното време го поминува читајќи книги кои му ги оставила мајка му и така ја добил идејата да пишува.
– Книгата што ќе ја напишам ќе опише сѐ што се случило во мојот живот! Велат дека сум император и оваа книга ќе ги интересира сите тие луѓе, а јас ќе заработам милиони затоа што луѓето ме сакаат! Зошто да не знаете сè? Толку добро ќе ја напишам што на сите ќе им биде интересно – рекло момчето.
Извор за порталот „Република“ вели дека момчето е опседнато да го опише злосторството:
– Постојано зборува за пишување книга за неговиот живот од раното детство до денес. Повторува дека тоа ќе биде дело од големи размери. И дека детално ќе ги наведе причините кои го навеле да се заложи за тоа што го направи во своето училиште, како и за тоа како го планирал и како го реализирал – објаснува изворот.
Неодамна адвокатот и пратеник Тома Фила изјави дека Коста К. би можел и да биде пуштен дома ако лекарското вештачење не пронајде дека тој има ментални нарушувања. Сѐ зависи од извештајот на лекарите.
Таткото на Коста К. е во притвор бидејќи момчето делото го извршило со пиштолот, додека обвинителството истражува дали таткото и мајката го занемариле и малтретирале синот.
Имотот на родителите кој се проценува на повеќе од еден милион евра беше замрзнат заедно со парите на сметките на таткото.