ЈА ЗГАЗИЛ ФРОСИНА НА ЦРВЕНО, ВОЗЕЛ ПИЈАН И БЕЗ ДОЗВОЛА 20-годишниот Васил Јованов се соочува со 20 години затвор

Основното јавно обвинителство ја продолжува постапката и против Зоран Јованов, таткото на обвинетиот Васил Јованов, чиј автомобил бил користен при трагичната несреќа. Обвинителството најави дека наскоро ќе донесе одлука во однос на неговата евентуална одговорност.

1,397

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 20-годишниот Васил Јованов, кој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според доказите, Јованов без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со огромна брзина, ја усмртил 20-годишната Фросина Кулакова додека таа поминувала на пешачки премин.

Трагедијата се случи на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, на крстосницата меѓу булеварот Партизански одреди и улицата 29-ти Ноември. Јованов управувал со автомобил пежо 207 во сопственост на неговиот татко, без да поседува возачка дозвола. Освен што бил под дејство на алкохол со 0.80 промили во крвта, тој возел со брзина од 91 km/h – речиси двојно над дозволената граница.






Кога пристигнал пред пешачкиот премин, иако семафорот покажувал црвено за возилата, тој не запрел и со предниот лев дел од автомобилот ја удрил Кулакова, која имала зелено светло. Ударот бил толку силен што жртвата се издигнала во воздух, удрила во семафорот и починала на самото место.

Обвинителството истакна дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и повторување на делото, па затоа побара продолжување на мерката притвор за Јованов. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува максимална казна затвор до 20 години.

Основното јавно обвинителство ја продолжува постапката и против Зоран Јованов, таткото на обвинетиот Васил Јованов, чиј автомобил бил користен при трагичната несреќа. Обвинителството најави дека наскоро ќе донесе одлука во однос на неговата евентуална одговорност.

Поврзани содржини