ЈА ЗАПРОСИ, ГО ОДБИ, ЈА ЗАПАЛИ Тинејџерка во Индија изгорена со керозин

По суровоста кон Анкита, нејзината смрт го натера секој Индиец да ја обеси главата од срам, напиша на Твитер Рахул Ганди, лидер на главната опозициска партија Конгрес.

101

Маж полил со керозин 19-годишна девојка во Индија, откако таа одбила да се омажи за него, јавува Си-Ен-Ен. Тој почекал таа да заспие. Сѐ се случило во вторникот. Дел од причината зошто го одбила е и дека тој сакал таа од хинду да прејде во ислам. Анкита починала во болница од тешки изгореници. Тврдокорните хинду групи повикаа на смрт на обвинетиот, кој живеел во истото место со жртвата, пренесува Нова.

Светиот хиндуски совет објави дека мнозинската хинду заедница ќе излезе на улица во знак на протест доколку не се преземат соодветни мерки. Окружните власти го ограничија движењето на луѓето за да спречат какви било последици од инцидентите.






„По суровоста кон Анкита, нејзината смрт го натера секој Индиец да ја обеси главата од срам“, напиша на Твитер Рахул Ганди, лидер на главната опозициска партија Конгрес.

„Денес има само голема потреба да се создаде безбедна средина за жените во земјата“, рече тој.

Индиската полиција формираше специјална истражна единица за овој случај.

– Двајца високи функционери се распоредени во градот и тие ќе се координираат со окружниот полициски началник во истрагата – изјави Амол В. Хомкар, портпарол на полицијата во Џарканд, додавајќи дека обвинетиот и неговиот соучесник се уапсени.

Поврзани содржини