Ѝ ЈА ЗАПАЛИЛ ОБЛЕКАТА, ПА ЗАМИНАЛ СО ДЕЦАТА Затвореник од „Идризово“ физички ја нападнал жена си
На 15.04.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С. Б. (29) кој моментално издржувал затворска казна во казнено поправната установа „Идризово“.
Во понеделникот, жена пријавила дека нејзиниот сопруг затвореник физички ја нападнал.
На 15.04.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С. Б. (29) кој моментално издржувал затворска казна во казнено поправната установа „Идризово“.
Според пријавеното, тој со запалива течност ѝ запалил дел од облеката, по што ги зел децата и заминал од домот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.