ЈА ЗАПАЛИЛ КАНЦЕЛАРИЈАТА ДОДЕКА ДИРЕКТОРОТ БИЛ ВНАТРЕ Полицијата со детали за драмата во студентскиот дом „Пелагонија“
Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), нема повредени лица до моментот на пријавувањето, а пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје.
Директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во населба Кисела Вода, 36-годишниот А.Ф, пријавил во полиција дека на работното место, по претходна расправија, Н.Ј., кој бил поранешен вработен во домот, заедно со уште едно лице, фрлиле запаллива течност во просторијата и настанал пожар.
Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), нема повредени лица до моментот на пријавувањето, а пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за негово расчистување.