ЈА ЗАКЛУЧИЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА И Ѝ ГИ ИСПРСКАЛ ОЧИТЕ СО ДЕТЕРГЕНТ Велешанка едвај извлекла жива глава

М.П. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

1,931

Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода М.П.(31) од Велес по пријава од 55-годишна велешанка.

Како што информира денеска МВР, жената пријавила дека М.П. на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите. Според пријавата, М.П. кршел предмети, физички ја нападнал и се заканил со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите.






М.П. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини